Македонија
Каменос: Употребата на терминот македонски народ е спротивна на договорот
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, вели дека провокативните изјави на македонските официјални претставници против Грција го обесхрабруваат можното решавање на долготрајниот спор за името меѓу двете земји.
Каменос изјавата ја даде за време на својот говор на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во Виена. Тој истакна дека користењето на терминот македонски народ е спротивно на сите договори, објави агенцијата АНА.
„Тоа само го провоцира грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на исходот од референдумот и уставните промени во поранешната југословенска република“, рече Каменос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Кожувчанка“ го започнува големиот „Еко авантура“ караван во предучилишните установи низ целата држава
Компанијата „Кожувчанка“, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите.
Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, „Кожувчанка“ ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.
Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.
Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.
Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, „Кожувчанка“ уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.
(ПР)
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.

