Македонија
Кампања во Битола – „Биди кабадаја, носи кацига“
 
																								
												
												
											Во заедничка соработка со СВР Битола, здружението на мотоциклисти „Ѓорги Стефановски“ од Битола ја започна кампањата со мотото „Биди кабадаја, носи кацига“.

50 отсто од мотоциклистите не носат заштитна кацига, застрашувачки е бројот на млади учесници во сообраќајот кои за време на летниот период возат мотоцикли без заштита кацига, а да не се споменува другиот дел од заштитната опрема кој е потребен за правилно управување на мотоцикл.
Факт е дека повеќето од младите мотоциклисти ја избегнуваат законската обврска за носење заштитна кацига. Не постои изговор за неносање заштитна кацига. Поради тоа, низ Широк сокак во Битола се поделија летоци со оваа содржина. Целта е да се поттикне свеста кај мотоциклистите за безбедноста во сообраќајот и носењето заштита кацига. За време на летниот период ќе се организираат низа активности, трибини и настани поврзани со безбедноста и ќе се однесуваат на најралнивата група во сообраќајот, а тоа се мотоциклистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
 
														Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											