Македонија
Кандидат за градоначалник од СДСМ назначен за инспектор во МВР, тврди Ковачки
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обвинува за партизација на институциите. Тој на Фејсбук напиша статус во кој тврди дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Дебарца, сега е инспектор во МВР.
„МВР продолжува да се полни со неуспешните и поразените кандидати за градоначалници на СДС.
Од пред некој ден, нов инспектор во МВР е Игор Крцоски, кандидат на СДС за градоначалник на Дебрца. И сега, каде е департизацијата на институцијата која ја најавуваше Оливер Спасовски уште во 2015? Министерот Спасовски е тој кој не го почитува сопствениот закон за внатрешни работи според кој, вработените не може да бидат членови на политичка партија и за кој држеше интервјуа на разни медиуми. Значи го прави токму спротивното од тоа што го зборува. Истиот министер што го крши сопствениот закон по којзнае кој пат, е задолжен за спроведување на други закони и борба со криминалците и корупцијата во Македонија. Директно одговорен за падот на довербата во МВР е лично Оливер Спасовски со своите против-законски постапки“, пишува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

