Македонија
Караванот „Оствари го сонот“ во Желино, Стримница, Палатица, Шемшово и Копаница
Кандидатот за премиер Насер Зибери со караванот „Оствари го твојот сон“ го почна своето патување од општина Желино, потоа ги посети околните села, Шемшово, Копаница и Палатица.

Зибери оствари средба со граѓаните од овој регион со кои разговараше за потребите и идеите на жителите од оваа област, презентирајќи им ги своите ставови и планови за првите 100 дена.

Меѓу другото, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја на граѓаните идејата за прв премиер Албанец, што претставува силен симбол на еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Поради оваа причина
очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено
Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село. На почетокот на градежните активности беше и премиерот, Христијан Мицкоски.
„Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме сето она што сме се обврзале пред граѓаните и сето она што сме го ветиле. Дел од тие проекти е и овој проект, како и други повеќе од илјада проекти коишто во овој момент се во фаза или почетна или во некоја поодмината фаза или во завршна фаза коишто се реализираат, а се резултат на онаа поддршка што општините ја добија од Владата изминативе година и половина во вредност од речиси половина милијарда евра, бидејќи само три стотини и педесет милиони евра се проектите коишто се дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, кога на тоа ќе се додадат проектите коишто ги имаат одредени министерства надвор од овие две програми тогаш доаѓаме до фантастични половина милијарди евра, нешто што досега никогаш не е направено во поновата историја на Македонија“, рече Мицкоски.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и кредит од 6 милијарди евра
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и земање кредит од 6 милијарди евра, со кој, како што наведуваат, би се финансирало нивното сместување, исхрана и изградба на социјални станови.
„Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа ‘патриотската’ политика на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека тие се партијата ја внела Северна Македонија во НАТО со цел зајакнување на безбедноста и заштита на државните граници, додека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ со вакви планови ја загрозува безбедноста на државата.
Во соопштението се наведува дека државата, како што тврдат од СДСМ, нема финансиски средства, па би земала кредит што би го враќале идните генерации, со цел сместување на мигранти кои, според нив, други земји од Европската Унија ги депортираат за да ја зачуваат сопствената безбедност.
СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна да обезбеди ниту еден мал прифатен центар, наведувајќи дека мигрантите демолирале таков објект, и изразува сомнеж во можноста за сместување поголем број мигранти во земјата.
Во соопштението се посочува и дека мигранти веќе пристигнале во Албанија и Косово, а се тврди дека следна на ред би била Северна Македонија.

