Македонија
Карпош распиша оглас за субвенции на велосипеди и електрични тротинети

Сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е-тротинет, почнувајќи од денеска (3 февруари), може да аплицираат на јавниот оглас за одобрување субвенции, кој го распиша оваа скопска општина.
Во рамките на акцијата субвенционирањето за велосипед ќе биде најмногу до 30 отсто (но, не повеќе од 3.000 денари), исто како и субвенциите за електричен тротинет (но, не повеќе од 5.000 денари).
Секој граѓанин потребно е да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), како и фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет не постара 3 февруари.
Жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје немаат право да аплицираат на општинскиот оглас.
Акцијата ќе се спроведе по принципот прв дојден, прв услужен, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес.
Трета година по ред Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање велосипеди, а од оваа година првпат се стимулира и купувањето електрични тротинети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.