Македонија
Касами: ДУИ се плаши и подготвува терен за опозиција

Неуспесите на 18 години владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со пуштање на „една рака муви“ за барање за премиер Албанец кога се знае дека тоа е утврдено со закон за начинот на формирање на владите, вели претседателот на БЕСА, Биљал Касами.
Идејата што ја изнесе ДУИ за премиер Албанец во овие околности, кога веќе има одредени списоци на кандидати за пратеник и паузиран изборен процес, партијата БЕСА ја смета за популистичка и само во корист на добивање ситни политички поени.
„Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција. Не е спорно дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Северна Македонија, но тешко дека ова ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија. Албанците во Северна Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт. Сонцето не може да се покрие со сито, исто како што неуспесите на ДУИ не можат да бидат покриени со само фрлање идеја за албанскиот премиер во временскиот контекст и политичкиот моментум во којшто се наоѓаме сега“, вели Касами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.