Македонија
Кирацовски на средба со граѓани: Од поделена, скарана и изолирана земја, нашата држава станува земја за пример
За време на посетата на повеќе населени места низ Македонија, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, имаше средби со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ.

На средбите со граѓаните на Крушево, Гостивар, Долнени и Богданци се разговараше за досегашната работа на Владата предводена од СДСМ, процесот на реформи коишто ги носат промените, но и за идните предизвици на Македонија, особено во делот на економијата и евроинтеграцискиот процес.

– Зад нас е една година на промени. Промени што донесоа повисока минимална, но и зголемена просечна плата од 5.6 отсто, повисоки пензии, зголемени и навремени субвенции за земјоделците, трајно решен проблем со стечајните работници, намалени трошоци за живот преку укинување на радиодифузната такса и воведување евтина тарифа на струјата, како и нови инвестиции и нови работни места, беше една од пораките на Кирацовски.
Промените, истакна Кирацовски, нема да застанат, продолжуваме да ја менуваме Македонија, од поделена, скарана и изолирана земја, нашата држава станува земја за пример, земја која сите ја гледаат како идна полноправна членка на евро-атлантските организации.
Во периодот што следува претставници на раководството на партијата продолжуваат со интензивни посети на општините и населените места низ Македонија, на кои ќе се разговара со граѓаните за актуелните теми, се слушaат нивните идеи и ставови за реформите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

