Македонија
Кирацовски на средби со општинските организации на СДСМ
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, периодов остварува интензивни посети на општинските организации на партијата, учествува на отворени средби со граѓаните како и на средби со членовите и симпатизерите на СДСМ. Посетите започнаа во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, и општините и населените места во околината на главниот град, како Чучер Сандево, Зелениково, Сопиште, Петровец, Шишево.
На средбите се разговара за досегашното спроведување на мерките од Планот за живот, за политиките кои обезбедуваат раст на економијата и повисоки плати, за потребите и очекувањата на граѓаните, актуелните политички состојби, но и за предизвиците пред коишто е соочена Македонија во овој период.

„Овде сме помеѓу вас да разговараме отворено за политиките и вредностите коишто ги спроведуваме и да да го слушнеме вашиот глас. Затоа што за нас, секој е важен. Македонија тргна напред и враќање назад нема. Ова е патот и благодарни сме за вашата поддршка. Свесни сме дека се уште постојат нерешени проблеми и предизвици, но посветени сме, заедно со вас, да ги надминеме“, рече Кирацовски за време на денeшната средба со граѓаните на Шишево.
Граѓаните даваат поддршка на политиките на СДСМ што обезбедуваат повисоки плати, нови работни места, интеграција, повисок животен стандард и градење на едно општество за сите. Но, изнесуваат и конкрентни забелешки, идеи и предлози за решавање на одредени прашања коишто се во интерес на граѓаните и државата.
„СДСМ како одговорна партија продолжува да биде помеѓу граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги следи нивните потреби. Во периодот што следува, највисокото раководство на партијата, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Шекеринска, потпретседателите, генералниот и организациониот секретар ќе ги посетат општините и граѓаните ширум државата. На средбите со граѓаните, раководството на партијата ќе разговара спроведувањето на политиките за подобрување на животот на граѓаните, особено во делот на економијата и животниот стандард, како и за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување сигурна и стабилна иднина за сите“, се вели во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

