Македонија
Кисела Вода почнува со исплата на субвенциите за печки на пелети
Од понеделник Општина Кисела Вoда почнува со исплата на субвенциите за печки на пелети. Финансискиот надоместок за кој во изминатиот период аплицираа граѓаните што набавија вакви печки e во рамки на Програмата за енегетска ефикасност на општината.
Проектот има за цел стимулирање на домаќинствата за користење обновливи извори на енергија за затоплување, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Воедно, во овој период кога поскапувањата, посебно на енергенсите се на највисоко ниво досега, субвенцијата од Општина Кисела Вода претставува солидна финансиска помош. Истата може да се искористи и за набавка на пелети, чија цена во последниот период е сериозно покачена.
За потсетување, јавниот повик беше објавен во средината на јули и на него можеа да аплицираат сите жители на општината кои од почетокот на годината купиле печка на пелети и до тој момент немаа искористено друга субвенција од ваков карактер. За оваа финансиска поддршка од буџетот на Општина Кисела Вода се обезбедени финансиски средства во износ од 1.000.000,00 денари, кои се доделуваа по принципот прв дојден, прв услужен.
Ова е само една од многуте мерки кои Општина Кисела Вода ги презема со цел да им помогне на своите жители полесно да го пребродат овој период на финансиска криза. Реализиран е проектот „Ранче за секое прваче” со кој се обезбедени чанта, тетратки и училиштен прибор за сите првоодделенци, обезбедена е донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, а веќе во наредните денови Кисела Вода излегува и со нов сет мерки за намалување или ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број семејства во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.