Македонија
Кичеец престигнувал на полна лента – осомничен е дека ја предизвикал тешката сообраќајна незгода
Гостиварското Основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Станува збор за сообраќајната несреќа што се случи на 4 септември, а во која учествуваше осудениот Зоран Милески-Кичеец, кој управувал со автомобил „мерцедес“, а со него биле уште двајца српски државјани, кои се тешко повредени.
Во инцидентот имаше и еден загинат.
Како што објаснуваат од Обвинителството, на магистралниот пат Кичево – Гостивар осомничениот не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.
Движејќи се со автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја приспособил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија почнал престигнување на возилото пред него – автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки.
Во истиот момент во спротивна насока кон Кичево се движел автомобил „санг јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „санг јонг“.
Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „бмв“, кој бил престигнуван.
Во несреќата животот го загубил сопатник во автомобилот „санг јонг“, четири лица добиле тешки повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, добиле телесни повреди.
Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, која судот ја прифати.
Од Управата за извршување санкции соопштија дека Зоран Милески, осуден на три години во случајот „Рекет“, бил ослободен од затвор на 30 дена, до 9 септември, за да направи испитувања поради влошена здравствена состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

