Македонија
Клиниката за хематологија тврди дека кај нив не влегла финансиска полиција

ЈЗУ Универзитетската клиника за хематологија тврди дека кај нив не влегла финансиска полиција, во врска со истрага за набавка на лекот „мабтера”, кој наводно бил донесен со паралелен увоз по интервентна постапка.
Од Клиниката соопштија дека воопшто не е извршена набавка на ваков лек, а лекот Rituximab-Мабтера- кој во моментот се аплицира на Клиниката за хематологија е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017.
„Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања. Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејќи е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот синџир кој се користи за да се донесе лекот“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)