Македонија
Ковачевски: Ако граѓаните се против, рудници не може да има
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека сите информации во врска со рудникот „Иловица“, најпрвин ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија ќе ги сподели со сите медиуми.
„Вчера, вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори за одлуката што ја донесе Владата дека Министерството за економија е задолжено на наредната седница да достави детаљна информација за сите одлуки, судски и управни постапки што се водени од 2012 година до денес“, рече премиерот.
Според Ковачевски, врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одлуки за иднината на рудникот.
Притоа, вели тој, ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните.
„Јасно сум го кажал, и како претседател на Владата и од политичката партија од која доаѓам, од првиот ден, дека рудници може да има само со согласност на граѓаните што живеат во тој регион. Ако се тие против, рудници не може да има“, изјави Ковачевски.
Тој вели дека тоа не било случај со претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие имаа издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај“, рече тој.
Ковачевски повтори дека откога ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот Крешник Бектеши потоа ќе ги сподели со сите медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

