Македонија
Ковачевски – Брегу: Регионалната соработка е придонес во стабилноста, развојот и европските перспективи
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, оперативен орган на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
На состанокот е посочена важноста на регионалната соработка како придонес во стабилноста и безбедноста на регионот и во делот на воспоставувањето заеднички регионален пазар и со тоа унапредување на економиите во државите.
Затоа, како што е заеднички констатирано, неопходно е да има синергија меѓу државите во регионот на патот на нивниот развој.
Исто така, заеднички е оценето дека војната во Украина го истакна значењето на евро-атлантските интеграции на Југоисточна Европа и на европската иднина на земјите од регионот.
Се смета дека отворањето преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ ќе биде мотивација и охрабрување и за другите држави од регионот да продолжат со реформите по европскиот пат, што се покажа важно и во регионални рамки – и за Европа.
Премиерот Ковачевски рече дека се водат принципиелни разговори со премиерот Петков, а дека Владата е фокусирана на надминување на предизвиците од војната во Украина преку историското зголемување на минималната плата, покачувањето на пензиите, поддршката на граѓаните во делот на сметките за електрична енергија, односно кон поддршката на стандардот на граѓаните и на компаниите за што е донесен и сет антикризни мерки.
На средбата се разгледани можностите за унапредување на регионалната соработка преку нови проекти во рамките на Регионалниот совет за соработка, со цел напредок и перспективност како за земјите така и за целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

