Македонија
Ковачевски во одбрана на европското знаменце: „Се работи за стратешки и европски поврзани коридори“
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека европското знаменце за предлог измените на петте закони за коридорите кои се во собраниска процедура ќе овозможи побрза и поевтина изградба.
„На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за европското знаменце.
Објасни дека поради тоа што се работи за стратешки и европски поврзани коридори, Парламентот вчера одлучил овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања.
Претходно денес, амбасадорот на Европската Унија во земјата, Дејвид Гир, рече дека европското знаменце многу често се употребува за усвојување на некои закони, а се знае дека неговата употреба секогаш е наменета за усвојување на закон којшто е директно поврзан со европските практики и европското законодавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

