Економија
Ковачевски: До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10%
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посети претпријатието „Метал Декор Дизајн“.
На посетата премиерот се сретна со основачот на „Метал Декор Дизајн”, Игор Младеновски, кој го основал претпријатието благодарение на мерката за самовработување од Оперативниот план за вработување на Министерството за труд и социјална политика што ги спроведува Агенцијата за вработување.
Премиерот Ковачевски во разговорот со Младеновски рече дека го радуваат посети на успешни бизнис проекти и храброста на луѓе кои го прифаќаат предизвикот да отпочнат сопствен бизнис, кои со тоа им даваат шанса и на други наши сограѓани со креирање нови работни места.
На средбата тој го информираше премиерот Ковачевски дека од основањето до денеска „Метал Декор Дизајн” е во постојан развој и сега има 12 вработени (10 вработени и 2 корперанти) и набавена опрема која овозможува ширење на листата на услуги.
Премиерот Ковачевски за Оперативниот план за вработување рече дека е еден од најуспешните проекти на Владата со кој во 2021 година се реализирани дури 94,6% од предвидените мерки и се вработија 11.292 невработени лица.
Ковачевски истакна дека мерките од Оперативниот план за вработување учествуваа во намалувањето на невработеноста до историските 15,9%, со тенденција да продолжи да опаѓа, и дека до крајот на актуелниот мандат на Владата ќе биде постигната невработеност од под 10%.
Охрабрени од резултатите на Оперативниот план за 2021 година, рече премиерот Ковачевски, во буџетот за оваа намена за 2022 година се обезбедени зголемени финансии, односно 1,73 милијарди денари.
„Тоа ветува дека ќе видиме реализација на уште вакви успешни бизнис иницијативи како оваа на Игор Младеновски и неговата „Метал Декор Дизајн”“, нагласи премиерот Ковачевски за време на посетата на ова претпријатие кое е основано и постигна успех благодарение на мерките од Оперативниот план за вработување на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

