Македонија
Ковачевски за ФАЦ: Гласањето за уставните измени е глас за европската иднина на граѓаните
Стратешка цел на државата е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Toј рече дека процесот на евроинтеграција на земјата гарантира безбедност и стабилност на регионот, но и подобра економска соработка, заеднички пазар од речиси половина милијарда луѓе.
Ковачевски во интервјуто говори за претстојните политички одлуки, кои треба да се донесат во државата и од кои зависи европската иднина на граѓаните.
„Гласањето не е само за нашиот Устав, туку за европската иднина на нашата земја. Оваа одлука што сега треба да ја донесеме е за да не го одложиме понатамошниот процес. Вето за нашето членство отсекогаш доаѓало однадвор, сега првпат се заканува да дојде однатре“, вели Ковачевски.
„Кога ја добивме нашата независност по крајот на Југославија, нашата економија беше многу посилна од онаа на Бугарија, Чешка, Словачка или Полска. Во тоа време беше незамисливо луѓето од Македонија да одат во некоја од овие земји да работат таму. Денес токму тоа се случува. Економиите на овие земји не само што зајакнаа поради нивните перформанси, туку, напротив, тоа се случи затоа што овие земји станаа членки на Европската Унија, со заеднички пазар од речиси половина милијарда луѓе. Затоа членството е стратешка цел за Северна Македонија. Сакаме да живееме во земја на ЕУ“, рече премиерот за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

