Македонија
Ковачевски на прием во чест на 50-годишното членство на Германија во ОН

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваа на прием организиран во чест на 50-годишното членство на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.
На приемот е реафирмирано значењето на Германија како одговорен партнер на Организацијата на Обединетите нации и принципиелен бранител на меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право. Изминатите децении обединета Германија презеде зголемена одговорност во Обединетите нации и денес е втор најголем придонесувач во системот на ОН во целина и втор по големина билатерален донатор на хуманитарна помош..
Ковачевски му го честита на канцеларот Олаф Шолц јубилејното 50-годишно членство на Германија во ОН и големиот придонес на државата во целокупниот систем на ОН. Во кусиот разговор со канцеларот Шолц премиерот Ковачевски се заблагодари за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години правејќи ја Германија една од најблиските европски партнери на нашата земја.
Премиерот на приемот имаше неформални разговори со повеќе светски лидери, во кои е нагласен и примерот на ефективна дипломатија што го дава Република Северна Македонија, која годинава одбележа 30-годишно членство во ОН и која од земја корисничка на мировни мисии, денес е држава домаќин на меѓународни преговори за решавање прашања од интерес за стабилноста на Западен Балкан, ЕУ и во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.
Македонија
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, 6 се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 18 се успешно изгаснати.
Од ЦУК посочуваат дека поради силен ветер повторно се разгоре пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (Општина Велес). Гори мешана нискостеблеста деградирана шума, а пламените јазици се прошируваат во неколку правци.
Ветерот, исто така, повторно го активирал и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (Општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Покрај овие, активни пожари се регистрирани и на следните локации:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Желино – шумски пожар
Според последните информации, под контрола е ставен пожарот во с. Фалише, Општина Тетово, каде што гори ниска вегетација.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање“, кажа тој.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во изјава за медимуите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени биле запалени гуми од возила.
Пламените јазици зафатија десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.