Македонија
Ковачевски: Не на 100, туку на 96 дена пред Владата ќе си поднесам оставка, ВМРО не го почитува законот ако не учествува
Разговорите со некои од коалициските партнери веќе се почнати и како што одминува времето, така ќе се интензивираат разговорите во однос на настапот на изборите, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, премиерот рече дека тоа е законска обврска.
„Тоа е исто како мене да ме прашате дали ќе поднесам оставка на сто дена пред Владата, а јас да ви кажам, не, ќе поднесам на 96. Тоа е непочитување на законот. Сите политички партии во согласност со Законот за Владата и Законот за изборите треба да ги исполнат своите обврски, да не се остава никаква дамка на изборниот процес“, рече Ковачевски.
Вчера, ЦО на СДСМ ги донесе сите потребни одлуки за учество во техничката влада.
„Ги дефиниравме нашите предлози за министри, предлози за заменик-министри, предлози за дополнителни заменик-министри во МВР и во МТСП, нашиот координатор официјално беше промовиран во кандадат за претседател во Собранието, рече Ковачесвки.
Тој најави средба со Мицкоски, но не прецизира кога ќе биде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

