Македонија
Ковачевски: Парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес
Не само што пратениците се слободни да одлучуваат во согласност со добиениот мандат туку ќе порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, изјави премиерот Ковачевски за време на посетата на Преспа.
Како што рече, отворени се вратите за сите партии кои што се за концептот за европска Македонија.
„Се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски, за коишто се уште нема комплетни разговори“, рече премиерот во одговор на новинарско прашање.
Премиерот смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е човек што со лага сака да прикрие друга лага, коментирајќи ја изјавата дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта, кои сакаат избори.
„Пред една година Мицкоски шеташе во Собранието велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа го видовме таа вечер на клиника. И пред Нова година рече дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата за сега да каже дека полукриминални структури, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

