Македонија
Ковачевски: Преговорите со Бугарија беа како некој со нож да ви го сече стомакот
Да престанат блокадите, да се обединиме државнички и до 2030 година да ја видиме Северна Македонија како рамноправна членка на ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски во обраќање посветено на Извештајот на Европската комисија: “На Европскиот пат: нови реформи, нови можности”, во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Ковачевски оцени дека извештајот е јасна потврда дека сме на добар пат и уште појасна насока дека чекорењето единствено е можно забрзано кон европскиот пат.
Премиерот во обраќањето рече дека вчерашниот гостин од висока делегација му рекол: „Конечно ЕУ ве награди со преговори во јули оваа година.“ Тој му одговорил: „Би ја парафразирал вашата реченица. Ние сме тие кои го спасивме образот на ЕУ. Зошто, затоа што како ниедна држава требаше да донесеме одлуки кои што беа тешки и кои што предизвикуваа лоши чувства кај нашите граѓани“,
„Прво, ние сме единствена држава којашто за да пристапи кон ЕУ и пред тоа кон НАТО треба да го смени името на својата земја. Второ, јас бев дел од преговорите со Република Бугарија. Тие преговори за мене и за граѓаните на оваа држава предизвикуваа чувство, јас го имав тоа чувство и го делам чувството на граѓаните, како некој со нож да ви го сече стомакот. Но, на крајот на денот треба да донесете одлука, дали државата ќе оди во ЕУ, таму каде што има економски напредок, социјална правда и таму каде што има владеење на демократијата. Или ќе седите дома, сами и изолирани, раскарани со сите. И ја донесов таа одлука. Зошто? Затоа што тие кои беа против, тие кои беа воздржани не дадоа алтернатива, која е алтернативата? Кој животен стандард го нудат? Каква иднина на новите генерации нудат? Никој не понуди таква алтернатива. Да морам пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука. И пак ќе ја донесам со истото чувство, но нема да ја носам заради себе и својата политичка кариера, туку ќе ја донесам заради идните генерации во оваа држава затоа што заслужуваат и треба да растат во ЕУ. Заедно со сите други членки на овој сојуз во кој има економски напредок, социјална правда и владеење на правото“, изјави Ковачевски.
Како што додаде, овој извештај исто така нотира многу јасно, дека во оваа држава има два концепти. На чело на едниот е самиот тој – како премиер кој предлага реформски закони, а вториот концепт ги блокира сите закони во Собранието.
„Ако можам да разберам еден дел од таа опозиција која што е цел ден на телефон со Русија, вториот дел не можам да го разберам. Ги повикувам сите во Собранието да се обединиме заради иднината на оваа држава, затоа што ние што сме во пратеничките клупи, во канцелариите во Владата зависи колку брзо ќе се спроведат реформите. Јас сум убеден дека до 2030 година нашата држава може да стане членка на ЕУ, бидејќи досега 45% од европското законодавство е усогласено со нашето законодавство. Ние имаме тимови, стручњаци кои со години се во министерствата кои што знаат што треба да направат во делот на усогласување на законодавството. Не рековме дека сме најпаметни, го зедовме најискусниот преговарач кој постоеше во овој регион, главниот преговарач на Хрватска којшто беше и постојан претставник на Хрватска во ЕУ, кој беше советник на нивниот премиер сега е главен советник на нашиот главен преговарач. Ако сакате да играте во големата лига тогаш мора да имате играчи од големата лига во вашиот тим“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Заев и Филипче ја направија Македонија Колумбија на Балканот за шверц на марихуана
Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот наркопазар, очигледно е дека поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова, Македонија ја направија Колумбија на Балканот. Надлежните институции пред неколку дена, по детално спроведена истрага, запленија околу 40 тони марихуана од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, истите оние фирми на кои Заев и Филипче им доделиле лиценци за работа“, рече тој.
Но, додава Петрушевски, медицинската марихуана била само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога.
„Така, околу 30 тони или околу 70% од запленетата марихуана е од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, блиска и поврзана со Заев, Филипче и СДС. Основач на оваа компанија Христијан Котев, син на Тони Котев, познат по прекарот М’гчев, човек близок до Зоран Заев и поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село, а лиценцата ја добил во времето на Заев и Филипче. Сите знаат како во време на власт на СДС, Заев и Филипче се ваделе лиценци за производство на канабис за медицински цели. Најважниот услов кој требало заинтересираните да го исполнат е да бидат блиски на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Дека е така може да се заклучи и од паничните реакции на Заев и Филипче, каде што едниот се јавува со нејасна реакција на социјалните мрежи, а според сознанијата се интересирал и лично се јавувал за петте запленети тони марихуана, додека Филипче во паника се упатил кон јужната граница. Дали ова шетање на Филипче во Грција е само по барање на Заев? Дали имале средба и што било разговарано на истата?“, праша Петрушевски.
Според него, сите овие индиции и меѓусебни поврзаности на Заев и Филипче со шверцот на медицинската марихуана, Јавното обвинителство мора да ги истражи.
„Колку и да има таму лица под контрола на СДС, Заев и Филипче, мора да се издигнат, да се надминат себеси, да постапат согласно закон и да го истражат целиот случај. Како се издавале лиценците, кој се произведувал марихуана и зошто таа наместо за медицински цели, гледаме дека завршувала на црниот пазар? ЈО да истражи“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Катица Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев
Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од вкупно 12 обвинители, додека пак останатите 5 коишто требале да се приклучат, се приклучиле за многу кратко време, само поради фактот што еден од тие 5 обвинители морал да биде Гаврил Бубевски.
„Се чекало на амин од страна на Зоран Заев за овој тим да се оформи и да почне со работа. СЈО кое било користено за интересите и потребите на СДС, информации кои ние долго време ги говоревме, денес веќе и се потврдуваат. Дека станува збор за договор на Катица Јанева и Зоран Заев во тоа време, говори сведоштвото на Кадриу, која вели дека Јанева на своите вработени им кажала дека на ден 30.12.2015 година, не мораат да дојдат на работа, туку да си ги спојат тие деновно односно со празниците и да одмораат дома но, една од оние кои не го направиле тоа била и Лејла Кадриу, која сведочи како тој ден кога не требало никој да има на работа, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други лица биле во СЈО и носеле материјали кои незаконски ги примиле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Дополнително на ова, сите таканаречени бомби, биле прво праќани до ЈО, за потоа да бидат проследени до СЈО, за Катица Јанева да ги распореди кој предмет за кој обвинител да го работи“, вели Манасиевски.
Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, додава тој, биле толку големи професионалци во својата работа, што овие пријави од Зоран Заев ги преземале без никаков записник, што, како што вели, е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.
„Од една страна ја имаме, Ристоска која сака да биде државен јавен обвинител, која во тие моменти била воодушевена од присуството на Заев и Шекеринска, нешто коешто во својата работа не смее да го покажува. Имено, дали баш на овој начин Ристоска би го водела и обвинителството, со симпатии кон одредени структури во државата? Од другата страна, го имаме Гаврил Бубевски, човек кој самиот се фалел дека не смеело ништо да помине токму без негово одобрение во СЈО, човекот кој имал 4 телефони, и на секој телефон добивал различни насоки од луѓе кои му кажувале кој предмет кој обвинител да го работи. Со тоа, директно надворешни структури, односно Зоран Заев и СДС влијаеле на епилогот на овие пријави. Овие професионалци кои денес глумат жртви треба да се извинат за она што го правеле во минатото, по сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, личност која ја делела истата канцеларија токму со овие луѓе“, рече Манасиевски.
Македонија
Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави:
„Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ја води потпретседателот Димовски. Но, очекувам ваков тип на одлуки да бидат донесени и во деновите коишто следат да се проверат сите оние компании коишто добиле на некаков начин лиценца за да ја вршат оваа дејност.“
Премиерот Мицкоски во однос на запленетата дрога, истакна дека не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана.
„Па неколку десетици тони, не би се изненадил ако дојдеме и до сто тони на запленета марихуана.“
На прашањето кој министер бил во тоа време којшто овозможувал олеснување на тие правила за добивање на овој тип на лиценци Мицкоски рече:
„Па јасно е кој бил, мислам можете да претпоставите дека во одреден период министер таму е и Венко Филипче. Но, лиценците се една работа, а втора работа е што е донесен Правилник којшто е ниво под Законот, односно е подзаконски акт со којшто се дозволува практично да се произведува цвет од канабис којшто не ги задоволува ГМП нормите. И тоа биле свесни дека тоа ќе се случи. И ако не ги задоволува тие норми, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото коешто се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба, односно да биде пуштено во промет. Тоа било многу јасно и на тие коишто го носеле тој Правилник. Сега вистинското прашање е, кој бил мотивот да се донесе таков Правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот за да произведете масло коешто ќе се продава на пазарот и коешто ќе ги исполнува нормите. И тука треба да се направи една озбилна истрага, но ова е само почеток. Ова е само почеток, од тоа што го имаме како индиции, но и од тоа коешто Министерството за внатрешни работи го врши во истрагата, одредени телефони, одредени разговори и така натаму и друг тип на докази, работата ќе биде многу, многу поголема.“

