Македонија
Ковачевски: СДСМ е стожер на родовата еднаквост во општеството
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска по повов 8 Март, Меѓународниот ден на жената, присуствуваше и се обрати на трибината „Гласна и Храбра – Ти ја продолжуваш борбата“.
Ковачевски на трибината порача дека инвестирањето во родовата еднаквост, во жените, носи само добро за државата, носи побрз развој, прогрес, подобро општество за сите.
„Кога станува збор за СДСМ, 8 март е првиот од 365-те дена во кои ние активно работиме на рамноправност и еднаквост. Навистина сум горд што предводам партија, која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Токму затоа жените отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Во мојот мандат како премиер од министрите предложени од СДСМ беа 50% жени, сите заменици министри кои ги предложив беа жени, сите државни секретари кои ги предложив беа жени и сите членови на мојот кабинет освен шефот на Кабинет, беа жени.“, рече Ковачевски.
На трибината, Ковачевски говореше за сегашните мерки во однос на родовата еднаквост. При тоа, Ковачевски посочи дека СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа а во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени. Министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени, додека 40% од жените се на извршни функции и 33% во одлучувачки органи во спортот. Ковачевски потенцираше дека е Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а по усвојувањето на Истанбулската конвенција, секојдневно и активно се работи на целосно усогласување на законската регулатива за да се исполнат стандардите.
„Имаме Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се поставува основата за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Исто така донесена е Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026 и Акциски план 2022- 2024 година“, речe Ковачевски.
Една од мерките е и Законот за Буџети, со кој се гарантира родов аспект во секој буџет, а со тоа и еднаков пристап до ресурсите на жените и мажите. Со Законот за минимална плата, рече Ковачевски, за првпат се обезбеди изедначување на минималната плата за работниците во повеќе индустри како текстилната, кожарската и чевларската индустрија каде најголем процент од вработените се жени. Како дел од мерките што ги посочи Ковачвски, е решавањето на правото на користење надоместок за мајчинство, за жените земјоделки, како и загарантиран износ на минимална плата, која сега ќе достигне 22 500 денари, што е најголема придобивка за економската независност во индустрии во кои доминантно работат жени.
Додаде дека Владата предводена од СДСМ, го донесе Законот за прекинување на бременоста, со цел да се прекине и спречи понатамошното загрозувањето на здравјето и благосостојбата на жените.
Во новата програма на СДСМ, како што рече Ковачевски, поголемо учество на жените на градоначалнички позиции и првичниот таргет е 30%, над 50% жени во одлучувачки органи во спортот, над 50% жени на извршни функции, активација на млади со фокус на девојки. Ковачевски додаде дека во вториот мандат како претседател на Владата предводена од СДСМ, првиот закон што ќе го предложи ќе биде Законот за родова еднаквост.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на трибината порача дека од СДСМ може да очекува напорна работа и продолжување на европскиот пат на кој ќе се удвојат напорите за општество во кое насилството врз девојки и жени е минато, а родовите стереотипи не постојат, постигнувајќи повисоки европски стандарди за нашата држава врзани со родовите прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвениот крст ја заврши последната исплата од собраните средства за настраданите oд пожарот во „Пулс“
Црвениот крст на 27 февруари 2026 година ја реализираше последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории.
Исплатата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, изготвена од Комисија при Министерството за здравство.
Со ова, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност изнесува 164.744.901 денари.
Од Црвениот крст информираат дека, со цел поголема транспарентност и отчетност, е подготвен извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на организацијата.
Во тек е и подготовка на финален извештај за собраните и исплатените средства, кој ќе го опфати и останатиот период и ќе биде споделен со јавноста до 15 март.
Црвениот крст продолжува со активностите на терен, со акцент на обезбедување психолошка поддршка за настраданите и нивните семејства преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка.
Фото: ЕПА
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.

