Македонија
Ковачевски: Со мерките на СДСМ растат производството и извозот на македонското вино
Со воведувањето на грантовите од 10.000 евра малите семејни винарници го модернизираат производството и активно учествуваат во развојот на лозарството и винарството, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, при денешната посета на винарницата „Брзанов“ во скопско Трубарево. Оваа винарница грантот од 10.000 евра за набавка на опрема, модернизирање на целиот процес за производство на квалитетно и конкурентно вино.
„Го отворивме патот за развојот на малите семејни винарници бидејќи во минатото имаше неколку државни винарници, кои беа големи и кои практично беа приватизирани, некои од нив навистина станаа познати брендови, други не постојат денес. Меѓутоа, малите семејни винарници денес прераснаа во наша гордост и препознатлив бренд на нашата држава. Денес, имаме вкупно 173 регистрирани мали семејни винарници“, изјави Ковачевски.
Притоа Ковачевски потенцира дека со правилни мерки и политики македонското вино сега бележи голем успех на странските пазари, а паралелно растат и извозот на пакувано вино и девизниот прилив.
„Пред 2017 ние извезувавме налевно вино. Шишињата ги полнеа странски винарници, ни го враќаа назад пакувано со етикети на други производители и држави. Од година на година бележиме зголемување на извозот на вино во шишиња наспроти извозот на налевно вино. Може да кажеме дека веќе надминавме 50 % извоз на пакувано вино од државата. Според последните податоци на World Top Export, први сме во регионот по извоз на вино и неговата вредност и според количините. Првпат пред Грција, а исто и пред Србија, Словенија, Бугарија, Хрватска и сите земји во регионот“, рече Ковачевски додавајќи дека девизниот прилив сега достигна околу 60 милиони евра годишно, со што Северна Македонија е на високото 13. место во светот според вредноста на извезеното вино.
Претседателот на СДСМ потенцира дека партијата го вреднува трудот на земјоделците. Над 7 милиони евра субвенции и годинава се исплатија точно на празникот Свети Трифун на сметките на лозарите. Како и другите земјоделци, на крајот од 2023 година им беа исплатени 30 % авансно од субвенциите за 2023 година, или 12.000 денари, со што вкупната субвенција што лозарите до сега ја добија изнесува 52.000 денари од хектар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на добрососедство и пријателство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.
Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.
Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.
Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.
Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.
Македонија
Реконструиран патот кон Манастир Пеленица: Инвестиција од над 475.000 евра за подобра безбедност и пристапност
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша Мицкоски.

