Македонија
Ковачевски: Со развоен буџет за МВР од 182,7 милиона евра создаваме ефикасна, одговорна и модерна полиција
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска, на прес-конференција, го презентираа предлог-буџетот на МВР за 2023 година.
Премиерот најави дека со зголемувањето од 6 % в година буџетот на ова Министерство ќе изнесува вкупно 182,7 милиона евра, средства што главно се насочени за модернизација, професионализација и подобри услови за работа на полицијата во интерес на граѓаните, мирот и стабилноста во државата.
„Темелот на нашиот безбедносен систем е добро подготвена и добро опремена полиција и затоа Владата на Република Северна Македонија за 2023 година буџетот на Министерството за внатрешни работи го зголемува 6 %. Предлог-буџетот на МВР за в година е 182,7 милиона евра“, порача Ковачевски.
Тој посочи дека „вработените во МВР извршуваат многу одговорна функција, со својата посветеност во работата преземаат ризик и ние како Влада тоа го почитуваме, затоа во три наврати досега по 5 % им ги зголемивме платите на сите вработени во МВР, а покрај редовната исплата на плати, редовно се исплаќаат и предвидените додатоци. И во овој предлог-буџет е планирана ставка за исплата на бонус-плати за 2022 година за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво“.
„Предлог-буџетот на МВР за 2023 година е за продолжување процеси и реформи за модерна полиција бидејќи безбедносниот систем е еден од најкруцијалните фактори на државата како идна членка на ЕУ и како членка на НАТО“, рече премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

