Македонија
Ковачевски – Тигањ: Хрватска со поддршка за европерспективите на Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во нашата држава.
На состанокот е изразена јасна и силна поддршка за европските перспективи на земјавта. Пренесена е определбата дека Република Северна Македонија, освен во НАТО, треба да се интегрира и во Европската Унија бидејќи тоа е од значење за целиот регион, но и за Унијата. Во таа насока се очекува успех во изнаоѓањето решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, што ќе овозможи отворање на преговарачкиот процес со ЕУ.
„Воспоставивме однос на меѓусебно почитување и работиме на решенија базирани на европските вредности. Од двете страни зависи дали енергијата ќе биде преточена во конструктивен дијалог, но постои позитивна енергија во разговорите и отвореност за меѓусебно разбирање“, рече премиерот Ковачевски.
Тој соопшти дека заедно со Владата е фокусиран и на клучните прашања од директен интерес на граѓаните, при што се веќе направени конкретни постигнувања со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и во делот на социјалните трансфери, како што се субвенциите за плаќање електрична енергија.
На средбата се разменети мислења за прашања преку кои Република Северна Македонија може да извлече практични и корисни искуства од Република Хрватска значајни за евроинтеграцискиот процес.
Исто така, оценето е дека постои големо и искрено пријателство помеѓу двете држави, кои годинава ќе одбележат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, дека билатералните односи се унапредени и дека во следниот период особено внимание ќе биде посветено на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.