Македонија
Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити
„Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал.
Зошто? Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски.
Имено, МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.
Легитимно се поставуваат прашања за кои, повторувам, искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори:
1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена?
2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад?
3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ?
4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче?
5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче?
6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство?
Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.