Македонија
Ковачки до Пендаровски: Трета седмица молчите за скандалот со изнуда на сексуални услуги во армијата, со секое непреземање одобрувате и стимулирате сексуално малтретирање во АРМ
Влегуваме во 3 (трета) седмица од објавување на скандалот со изнуда на сексуални услуги и злоупотреба на службената позиција од страна на високи офицери во надлежност на Пендаровски, пишува во Фејсбук објава Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Освен тоа што од неговиот кабинет кажаа дека Врховниот командант не бил запознаен со овој скандал, досега нема никаква реакција од него.
Стево, Претседателе, Врховен команданте, бекни бе, тие злоупотребени девојки се нечии ќерки. Токму од родителите на тие девојки Вие земате плата.
Вие Пендаровски сте Врховен командант на сите, не само на мала група околу Вас.
Имате одговорност да преземете мерки.
Должност на секој лидер е да се грижи за подредените, а не да ги искористува или кога ќе бидат искористувани како во овој случај, да ја свртите главата на другата страна и да мислите дека со игнорирање од Ваша страна, проблемот ќе исчезне.
Јавноста има право да знае и мора да објасните зошто не преземате мерки?
Кој бараше од Вас да молчите?
Зарем не знаете дека со тоа што молчите и не преземате мерки во Ваша надлежност, дека директно поддржувате, одобрувате и стимулирате сексуално малтретирање во АРМ?
По кој НАТО стандард за ова се молчи и не се преземаат мерки, врховен команданте Стево? – пишува Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

