Македонија
Ковачки: Нови пораки од злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски
Злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски изрекувала измислени казни, принудни запирања и правеле списоци за гласање за СДСМ, изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кире Китаноски, кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски, а на кој подреден му бил командирот на ОВР Прилеп, на ден по изборите на 17 октомври до припадниците во групата, извршители на политички притисоци, напишал: „една битка е изгубена, ама војната не е изгубена“, „ние како постари стоиме зад вас за сѐ што треба и понатаму“, „централната власт е наша“. Воедно, во истата група припадник на МВР повикува за отворање штаб на СДСМ. Имаме отворено сомневање дека истата таа структура на злосторничко здружување партизирани полицајци е пресликана и во Битола, Радовиш и во Охрид“, рече Ковачки.
Според него, од пораките станува сосема јасно дека се работи за свесно ставање на полицијата во партиски цели и ветување за позиции во рамките на полицијата, што се гледа од делот каде што вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт.
Ковачки го повика Обвинителството да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска, началник на НККР, Трајан Комиција, командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – заменик-командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење. Во спротивно, вели Ковачки, постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности.
„Од досега објавеното гледаме дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес. Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група на полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да ѝ служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и во Радовиш. Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал“, додаде Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

