Македонија
Ковачки: Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон, дека се гонат политички неистомисленици а власта ги злоупотребува институциите за партиски цели

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки при денешната теренска посета во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека со вчерашната пресуда Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон, дека се гонат политички неистомисленици, и дека власта ги злоупотребува институциите за партиски цели.
„Откако ги посетивме населените места Драмче и Трботевиште сега се наоѓаме во славно Разловци. Разловци кое што е симбол на македонскиот непокор на македонската борба за слобода,на македонската борба за државност. Среќни сме што денеска сме тука затоа што оваа наша посета се поклопува со денот на почетокот на разловечкото востание денеска е 20 мај меѓутоа сме разочарани затоа што ниту една делегација од СДСМ не го одбележа овој ден, тоа е срамота. Она што можам да го кажам говорејќи за борбата за човекови правди она за што се бореле нашите предци во Разловочкото востание морам да направам паралела со она што се случува денеска морам да ја искоментирам пресудата во текот на вчерашниот ден од Стразбур, а тоа е дека Стразбур потврди дека во македонија има политички прогон дека се гонат политички неистомисленици и дека власта ги злоупотребува институциите само за партиски цели. Македонија мора да биде раководена од структури кои ќе го донесат правото кои што нема да дозволат да бидат злоупотребени за партиски и политички цели односно за цели кои што се наложени на некои структури кои што не им одговараат на македонскиот народ“, нагласи Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.
При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.
Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.