Македонија
Комисијата за европски прашања во официјална посета на Софија
На покана на претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија, Кристијан Вигенин, делегација од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, и членовите од денеска ќе престојуваат во дводневна официјална посета на Софија.
Во делегацијата учествуваат и Јулијана Николова, Татјана Прентовиќ и Трајчо Димков, членови на Комисијата.
Делегацијата ќе има средби со заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева; министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, Лилијана Павлова; потпретседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Емил Христов, и Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика; претседателот Борис Вангелов и членовите на Групата за пријателство Бугарија-Македонија; како и со домаќините на партнерската Комисија предводена од Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија.
Посетата се реализира по објавувањето на извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година и во светло на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

