Македонија
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за воведување нови рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали ќе има повторно воведување полициски час, со цел спречување ширење на Ковид-19.
Одлуката на Комисијата потоа ќе биде доставена до Владата.
Изминатиот продолжен викенд беше воведен полициски час поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.646, а на починати 153.
Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.