Македонија
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за продолжување на рестриктивните мерки
Се очекува нова препорака на здравствените власти околу рестриктивните мерки кои беа воведени пред две недели.
Комисијата за заразни болести на состанок треба да процени дали ќе продолжат рестрикциите, врз основа на податоците за епидемиолошката ситуација.
Утре истекуваат забраните воведени во новиот пакет мерки, меѓу кои забраната за движење од 20 до 5 часот и за работата на угостителските објекти.
Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
АД МЕПСО го рестартира стратешкиот проект: Избран изведувач за изградба на 𝟦𝟢𝟢 ᴋᴠ интерконекција Битола – Елбасан
АД МЕПСО информира за успешното завршување на постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од највисок стратешки интерес, изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница).

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
По спроведената меѓународна постапка преку системот за е-набавки на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), отворен на 25.04.2025 година, и по детална евалуација на пристигнатите понуди, како најповолен понудувач е избран меѓународниот конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од Хрватска.
Вкупната вредност на прифатената понуда изнесува 19.696.200,85 евра“, извести АД МЕПСО.

„Целата постапка беше водена согласно строгите политики за набавки на ЕБРД, што претставува гарант за транспарентност и објективност.
Овој избор доаѓа по стратешки неопходната одлука на раководството за раскинување на претходниот договор кој го компромитираше и одолговлечи проектот. Таа постапка беше водена строго според меѓународните ФИДИК (FIDIC) стандарди.
Во насока на заштита на државниот интерес и финансиска ефикасност, АД МЕПСО обезбеди континуитет на инвестицијата: 51,2% од потребната опрема е веќе испорачана од претходниот изведувач, истата е во сопственост на МЕПСО и ќе биде вградена од страна на новоизбраниот изведувач, со што се спречи финансиска штета по компанијата.

Со потпишувањето на Договорот ќе започне реализацијата на работите со рок на извршување од 900 дена (30 месеци).
Реализацијата на овој проект го затвора единствениот отворен крак во нашиот преносен систем, овозможувајќи комплетирање на регионалниот енергетски Коридор 8 и значајно подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на земјата.
АД МЕПСО останува посветен на транспарентно, отчетно и ефикасно спроведување на капиталните проекти од витален интерес за енергетската стабилност на државата“, соопштуваат од АД МЕПСО.
Македонија
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако ја обезбеди поддршката од Советот на АВМУ за продолжување на својот мандат.
„На денешната 26-та седница, Советот на Агенцијата одлучи во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води д-р Зоран Трајчевски“, соопштија од АВМУ.

