Македонија
Комуналците чистеа диви депонии во три скопски општини, отстранети 45 кубни метри отпад
Од почетокот на тековната седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врши надзор врз неколку микролокации на улицата Петар Манџуков во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини, објави ЈП „Комунунална хигиена“.
Реализирани се и едукативно-информативни активности со повеќе лица коишто се забележани при кршење на Законот за јавна чистота, преку одлагање отпад надвор од наменски поставените садови.
Воедно, екипите на Претпријатието подигнаа вкупно 45 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во близина на Македонска куќа во општината Карпош, на улицата Славеј планина во општината Чаир, како и на повеќе локации во општината Кисела Вода.
ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве спроведува и подигнување и транспорт на селектираниот отпад од специјалните садови наменети за одлагање стакло, картонска и пластична амбалажа, поставени на територијата на градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

