Македонија
Костадинов од Тетово: Ќе донесеме победа голема како Шар Планина
„Душата ми трепери кога го гледам Тетово сплотено, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, и други во една цел, да го продолжиме правиот пат. Сме сработиле многу. Затоа, на 12 ти април да им покажеме што сме сработиле, дека не ги бива и дека сме многу подобри од нив“. Ова го истакна Костадин Костадинов, синоќа на трибината „На прав пат“ во Тетово, додавајќи дека на 12 април СДСМ ќе донесе победа голема како Шар планина.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тврдат дека се патриоти, а на 27 април влегоа во собранието со намера да убијат“, рече Костадинов, според кој опозицијата е лицемерна.
„Бараат пари за опашката на бикот, а само за опашки потрошиле 1 милион евра“, истакна Костадинов. Тој додаде дека за 2021 треба да бидат вратени 980 милиони евра – за спомениците, барокни фасади и жални врби.
„Тетово е парадигма на концептот за едно општество за сите“, истакна Костадинов, додавајќи дека биле потребни 11 години да им се докаже на ВМРО-ДПМНЕ дека нема ништо лошо Македонец и Албанец да седат заедно.
„Најважно од се е дека успеавме а ја стабилизираме економијата. Од минус 1.8% економијата има раст од 4,1%“, рече Костадинов.
„Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари, планираме да достигне 16.000 денари а просечната 30.000 денари. Пак ќе излеземе пред граѓаните и ќе им погледнеме во очи, бидејќи сме на прав пат“, заклучи Костадин Костадинов, синоќа на трибината „На прав пат“ во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

