Македонија
Костадинов: Со законот за ЈО исполнети се условите за брза завршница на почнатите истраги
Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите во кои осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, затоа Мицкоски е против овој закон, изјави на прес-конференција, Костадин Костадинов, потрпарол и пратеник на СДСМ.
Тој нагласи дека со законот за Јавното обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети поведени од СЈО, кои се во судска постапка. Дополнително, вели Костадинов, со законот се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага.
„Со ова се докажува дека извршителот Христијан Мицкоски не успеа во намерата да го заштити менторот од Будимпешта, Никола Груевски, и другите сопартијци, кои допрва ќе се соочат со обвиненија. Тоа се предмети во кои како осомничени се појавуваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Досието ‘Моќник’, во кое осомничен е Антонијо Милошоски, предметот ‘Актор’, во кој за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиески. Понатаму, случајот ‘Империја’, во кој се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, предметот ‘Друмарина’ со Силвана Бонева, досието ‘Пациент’ со Бујар Османи, како и други случаи што имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди. Сега е појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски“, рече Костадинов.
Додаде дека СДСМ марширал за правда бидејќи од нивна страна исполнети се сите услови за брза и ефикасна завршница и на судските постапки и на почнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем, кој мора да заборави на 11-годишната режимска пракса кога функционира под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

