Македонија
Костовски: Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп

Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп, да се спасат работни места, а не да се дели поткуп, порача Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата смета дека ситуацијата во Куманово и Прилеп излегува од контрола, а ненавремените мерки довеле до новите жаришта.
„Заразен е кризниот штаб во Куманово, заразени се лекари, а власта не презема ефикасни мерки“, рече Костовски и го повтори партискиот став дека е неоппходно итно прогласување на кризна состојба во Куманово и Прилеп.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ оставил 140.000 работници на улица, а сега им дава поткуп кој го нарекува хуманитарна помош за да се фотографира со нив. Наводната хуманитарна помош што ја делат, вели Костовски, не е ништо друго освен поткуп. Затоа и СДСМ молчи и не сака да ги покаже фактурите со кои е купена помошта, ниту кој ја купил, додаде тој.
„Од однесувањето на СДСМ имаме сомнежи за голем криминал со хуманитарна помош, под чиј превез се прави огромен криминален поткуп.
Тоа е потценување на народот. Граѓаните имаат потреба од мерки кои ќе ги спасат нивните работни места, а намирници сами ќе си купат“, рече Костовски.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да го испитаат случајот и да реагираат согласно законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.