Македонија
Кривична за тројца вработени во „Водостопанство“ поради злоупотреби со тендер
СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената положба и фалсификување на службена исправа, тројцата вработени во „Водостопанството“.
„Ф.Ф., поранешен ВД директор на АД ‘Водостопанство’ Скопје, подружница Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’, С.Ѓ., поранешна раководителка на одржување и С.Л., раководител на сектор за финансии и администрација во истото друштво, во текот на 2015 година, без претходно донесена одлука од Одборот на корисници на вода, спровеле постапка за јавна набавка на резервни делови неопходни за одржување на Хидромелиоративен систем во вредност од 20.000 евра, за што Ф.Ф. донел одлука за јавна набавка за која обезбедиле средства во висина од 900.000 денари. Постапката за јавна набавка ја спровела С.Ѓ., како претседател на Комисијата за јавни набавки, иако немала сертификат за водење јавни набавки. Притоа, од избраниот најповолен понудувач во два наврати набавиле резервни делови во вкупен износ од 309.377 денари, кои со испратница биле доставени до Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’, а кои воопшто не влегле во магацинот. С.Ѓ., како раководител на одржување на ХМС изготвила две приемници со невистинита содржина дека наводно резервните делови се примени во магацинот, а С.Л. ги прокнижил приемниците и изготвил две испратници со невистинита содржина. Иако немале вработено магационер, С.Ѓ. во графата внела лажен потпис, односно фалсификувала потпис на еден вработен во двете испратници, дека наводно ги задолжил овие резервни делови. На тој начин го оштетиле Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’ во вкупен износ од 309.377 денари“, соопштија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

