Македонија
Кривична пријава за хуманитарно здружение од Прилеп
Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т.(26) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и фалсификување или уништување деловни книги и против правното лице Републичко здружение за хуманитарни цели „Здружени срца“ – Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги.
Пријавениот Р.Т., преку Здружението, кое немало активен статус, ниту трансакциска сметка и без да поседува документација за работењето, ветувал на граѓани дека како претседател на Здружението ќе му обезбеди финансиска помош на М.А., со организирање на концерт во Кочани во август. По ова, М.А. му се обратил на пријавениот за финансиската помош поради што на социјална мрежа имало објава со која се испраќа апел до сите оштетени граѓани во несреќни случаи да се обратат во просториите на Здружението на граѓани „Здружени срца“.
На 26 јануари на социјалната мрежа пријавениот му праќал пораки на оштетениот за да му исплати пари, а доколку не му ги достави бараните средства да си ги повлече документите од Здружението и дека нема да му следува финансиска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

