Македонија
Кривична пријава против вработени во „Комуналец“, кои закопуваа живи кучиња во Пехчево
Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информираат дека заедно со неколку други здружениja поднеле кривична пријава за случајот со затруени кучиња, кои потоа беа живи закопувани во Пехчево.
Пријавата на „Анима мунди“, здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН, Daisy Family Rescue i Helping strays in Ohrid, Macedonia, е поднесена против непознати сторители вработени во „Комуналец“ од Пехчево; ЈКП „Комуналец“ – Пехчево и Општина Пехчево.
„Постои основано сомнение дека на 19 и 20 февруари годинава околу пладне во Пехчево непознати лица, вработени во ЈКП ‘Комуналец’, со помош на вили и градежна механизација подигнувале од улица, а потоа и затрупувале со земја живи бездомни и домашни кучиња, кои претходно биле затруени. Од видеоматеријалот јасно се гледа дека неколку кучиња – домашни миленици и бездомни, собирани со вили, а со помош на градежна механизација, се фрлени во дупка и видно грчејќи се во агонија предизвикана од отровот, немаат можност да избегаат, со што се осудени на сурова и мачна смрт“, велат од „Анима мунди“.
Од здружението за заштита на животните велат дека очекуваат темелна истрага и најстрога казна за сите инволвирани во овој грозоморен случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

