Македонија
Кризен менаџмент – теорија и пракса на меѓународно ниво на вежбата „Северна Македонија 2021“
Во Охридско-струшкиотРегион заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“. Вежбата е од областа на кризниот менаџмент, во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евро-атлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК).
На завршната церемонија директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од земјата домаќин, Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички. Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.

Ова е прва цивилна НАТО-вежба во Република Северна Македонија која од областа на кризниот менаџмент, којашто заради состојбата со пандемијата од Ковид-19 истовремено се одвиваше и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции коишто се дел од Системот за управување со кризи во координација со колегите од НАТО. Како дел на вежбат беше и дводневниот научен ВИП-симпозиум, каде што се одржа дискусија помеѓу високи претставици на НАТО, членки на НАТО, земји партнери, меѓународни организации и невладини оргнизации. Се реализираше во периодот од 20 до 23, заклучно со 24 септември 2021 година кога учесниците заминаа од Охрид и Струга кон своите земји.


Вклученоста во претстојната НАТО вежба претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.





Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга. Истовремено, за првпат се тестираше на вежба кај нас и оперативно НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS), којшто во Западен балкан го развива ЦУК, во име на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

