Македонија
Криминалниот картел може да биде тапкан по рамо, но нема да влезе во ЕУ, реагира опозицијата
Ширењето на лагите на Зоран Заев дека некој друг ќе им ја сработи работата што граѓаните ја очекуваат од владата не ѝ помага на Република Македонија. СДСМ се надева дека со прифаќање на капитулацијата ќе успее да влезе и во НАТО и во ЕУ. СДСМ одбра место со реформи и работа да се обиде да напредува со откажување од сè што е македонско, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, да се откажеш и да ги предадеш највисоките државни и национални интереси не е одење „напред”, а бегството од граѓаните не е „успех”. Напротив, Заев и неговата капитулантска влада ја вратија Република Македонија во време на најголемата недоверба кон соседите. Единствено што СДСМ и Зоран Заев бранат не се интересите на Македонија, туку интересите на криминалниот картел. Но едно е сигурно, тој картел може да биде тапкан по рамо, но нема да влезе во ЕУ.
„Граѓаните ги видоа и ‘растот на економијата’ и ‘новите работни места’ и ‘безбедноста’ и ‘повисоките плати’ што ги ветуваа СДСМ и Зоран Заев. Секој ден е потврда дека освен лага и манипулација, СДСМ и Заев немале ниту капацитет, ниту план да направат нешто за граѓаните. Македонската иднина ќе ја обезбедат ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, оние од кои Заев и СДСМ најмногу се плашат. Тоа нема да го спречат ниту Заев, ниту неговото министерство за вистина“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

