Македонија
Кумановското обвинителство ќе истражува дали Заев поткупувал гласачи
Предметот за наводниот обид за поткуп на гласачи пред референдумот од страна на премиерот Зоран Заев е во рацете на кумановското обвинителство. Како што информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, три пријави биле поднесени до скопското обвинителство, а потоа се препратени до Обвинителството во Куманово и по нив се постапува за проверка на наводите од кривичната пријава.
,,Станува збор за споени три кривични пријави од две политички партии и од едно здружение, а се против премиерот Зоран Заев за говор одржан пред референдумот. Пријавите се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Глас на Македонија и од Светскиот македонски конгрес”, вели Бајрами.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека отворено на митинг повикал бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.
Владејачката партија СДСМ реагираше на обвинувањата, тврдејќи дека Заев како премиер е посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

