Македонија
Купи километри на Skopje Run 10 K и донирај за СОС Детското село
Eдна од трките на тимот на „Визер – Скопски маратон“, Сојузот на спортовите – Скопје, е и Skopje Run 10 K, која ќе се одржи в недела, 7 октомври 2018, на булeварот Илинден во Скопје, со почеток од 9 часот. Оваа трка отвора едно уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. Заедно со СОС Детско село тие бргу чекорат кон зголемување на нивото на филантропија и здравиот начин на живеење во Македонија.
#СекојКилометарЗначи со помош на амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов цели кон зголемување на основната човекова доблест, хуманоста.



Сега секој ќе може да донира за СОС Детско село со тоа што ќе купи километри на Skopje Run 10 K. Само треба да се преземе првиот чекор и да се направи профил на https://www.smartrace.club/. Кога ќе се избере трката Skopje Run 10 K, се отвораат неколку можности, меѓу кои и купувањето километар за себе (ако некој се пријавил да трча) или за некој од амбасадорите. Со профилот може да се купат од 1 до 10 километри за цена од 100 денари за километар. Воедно, и покрај големиот интерес, сè уште е отворена опцијата да се купат dryfit-маици од Skopje Run 10 K, од кои 100 денари се донираат во истата цел.
Чекор по чекор секој може да стане дел од #СекојКилометарЗначи и да го поддржи СОС Детското село во неговата мисија, а воедно и да го подобри својот спортски начин на живеење преку учество во Skopje Run 10 K.
За повеќе информации може да се посетат: http://www.sos.mk/, http://skopje.run/, https://www.facebook.com/SkopjeRun/, https://www.facebook.com/detskoselomkd/.
За преземање на официјалната фејсбук-рамка достапен е следниов линк: http://bit.ly/2O9IXcQ
Во склоп на кампањата Катарина Ивановска порача: „Сакаме овој настан да има сериозно влијание врз нашето општество. Веруваме дека кога си добар кон другите и другите ќе бидат добри кон тебе. Време е да креираме столб на кој нашите деца ќе се потпрат во своите напори да го подобрат светот во кој ќе живеат“. Таа додаде дека сите што ќе купат над 4 километри ќе добијат парго-маица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

