Македонија
„Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ оштетуваат речиси 𝟥𝟤𝟢 илјади пензионери“, велат од НСДП
„ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите ги манипулира пензионерите за изборни цели и оштетува околу 320 илјади пензионери. Со законските измени предложени од Владата, а кои ги изгласа Собранието пензионерите ќе добијат пониски пензии од она што би требало да биде реален пораст на пензиите во септември“, велат од НСДП.
„За НСДП единствен правилен, праведен и законски начин на пресметување на пензиите е покачувањето на пензиите согласно формулата: 50% индекс на раст на платите, 50% индекс на пораст на трошоците за живот.
Пензионерите со најниски пензии со формулата 50/50 би добиле исто покачување на пензиите како и со линеарното со кое владејачките партии ги лажат и манипулираат, а сите пензионери со повисоки пензии се оштетени за дополнителни од 100 до 3500 денари, кои би ги добиле со септемвриското усогласување на пензиите.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги нема за приоритет пензионерите, работниците и граѓаните кои што чесно заработуваат од својот труд, па заради тоа се служат со манипулации при пресметката на пензиите, затоа економско-социјалниот совет е блокиран и сеуште нема утврдена минимална потрошувачка кошничка, растот на платите е сопрен, а граѓаните секој ден живеат се потешко и едвај преживуваат од први до први.
Редно време е власта да намали со луксузирањето, да намали на трошоците за пропаганда и искривување на реалноста во која живееме, да намали на бесполезните прошетки во странство, на пензионерите и граѓаните им требаат реални мерки за поддршка од скапотијата и високите цени“, се наведува во соопштението на НСДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

