Македонија
Ласовска: Никогаш не било полошо во Република Македонија, а за тоа главен виновник е оваа криминална Влада
„Веќе трета недела во Собранието на Република Македонија, во театарот Влада на нашата земја, а која го приредува овој театар, се игра трагедијата леб и пиар забиберени со зборот ЕУ, истакна пратеничката Благица Ласовска, пратеничка на денешната собраниска седница.
Пратеничката во текот на своето обраќање ја објасни причината зошто оваа претстава што ја прави Владата се нарекува леб и пиар.
„Мораме да кажеме, апатијата, резигнацијата, е доминантно чувство на граѓаните на Република Македонија и најскапо платените пиарџии, не 26.000 евра, туку 100.000 евра дневно да земаат, не може, за жал, ова чувство што го имаме, надвор е неиздржливо. Не може граѓаните крај со крај да фатат со цените, со крахот на системите и затоа не им веруваат на скапо платените пиарџии, од таа причина ја нарекуваме претставата леб и пиар“, рече таа.
Пратеничката Ласовска се осврна на целата ситуација во државата, која и тоа како e лоша, и потенцира дека за тоа е виновна оваа Влада. Таа додаде дека оваа Влада е најнеспособната во овие 32 години.
„Излезете само надвор и да ги видите коментарите на граѓаните, да видите што велат тие за состојбата, за неиздржливоста на живеењето и така натаму. Која институција и да ја земеме да ја анализираме е гнила, системот не функционира, имаме целосна нефункционалност на функциите, имаме револт кај сите, а особено кај младите е поголем, па затоа имаме анкети во кои ќе видиме поразителни статистики, 90 % од младите сакаат да си заминат од државата, што е рамно на егзодус. Никогаш не било полошо во Република Македонија и тоа не го вели ВМРО-ДПМНЕ, тоа го велат граѓаните на Република Македонија. Ваква неспособност досега за 32 години немало, се надевам и искрено верувам дека и ќе нема“, порача Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

