Македонија
Ласовска: Одбиените амандмани се од интерес на граѓаните, колегите од мнозинството не работат за народот
„Вчера, заврши првиот ден од амандманската расправа за буџетот за 2023 година. Беа разгледани само три амандмани и беа одбиени од власта. Сите три амандмани се од интерес на граѓаните, но колегите и колешките од мнозинството очигледно не работат за народот“, рече денеска во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.
Таа напомена дека „со првиот од амандманите се бараше намалување на ДДВ од 18 на 5 % за менструалните производи, т.е. влошки, тампони и менструални чашки. Овие производи е потребно да се даночат на исто ниво како фармацевтските производи и тие претставуваат здравствена неопходност, а управувањето со менструалното здравје е едно од основните човекови права. Доколку амандманот беше прифатен, ќе им се помогнеше на 400 илјади жени во репродуктивен период, кои заедно трошат годишно и над 100 милиони денари токму за оваа намена“.
„Иако пратеничките од СДСМ често знаат да кажат дека се борат за жените, вчера го послушаа министерот за финансии и го одбија предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’. Другите два одбиени амандмана се однесуваа на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одложи прогресивното даночење за уште една година и да се намалат акцизите на течните горива. Власта на СДСМ и ДУИ избира да ги казнува најпродуктивните и не се откажува од малку средства од буџетот како би се намалиле транспортните трошоци, а со тоа би се влијаело и на намалување на инфлацијата“, порача Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

