Македонија
Лата: Дебар e град на етничка и верска толеранција

Соработката на локалната власт и полицијата е на потребното ниво, а градот Дебар беше и останува град етничка и верска толеранцијата.
Ова го изјави градоначалникот Ружди Лата во својот поздравен збор на свеченоста по повод 7 Мај, што се одржа во полициската станица во Дебар. Лата истакна дека примерот на соживот во Дебар треба да се применува и во другите градови во Македонија.
Тој додаде дека полицијата треба да биде професионална и да ги реализира своите задачи предвидени со законите.
Новиот командир на полициската станица во Дебар, Аргетим Војника, и вработените во станицата примија бројни честитки по повод Денот на полицијата на Република Македонија и притоа им се заблагодарија на присутните.
Приемот го карактеризираше голема масовност и на него учествуваа раководители на институциите, претставници на дебарското муфтиштво, претставници на МПЦ во Дебар, како и поранешни вработени во ОВР Дебар.
Деновиве МВР за нов командир на полициската станица го назначи Аргетим Војника, додека за нов командир на полицијата на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница беше назначен Милаим Абази.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.