Македонија
ЛДП го обвини Мицкоски дека се обидува да им направи пуч во партијата
Либерално-демократската партија го обвинува опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека се обидува да направи пуч во нивните редови. Од ЛДП велат: јасно е оти актуелниот директор на Универзалната сала, кој во јавноста ги пласира невистините за претседателот на ЛДП, е во тесна спрега со опозицијата.
ЛДП јавно ја повикува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ги објави финансиските извештаи за работењето на Универзалната сала, особено делот за незаконско работење, за кој беше обвинуван актуелниот директор на прес-конференциите на ДПМНЕ за време на изборната кампања.
„Срамно е што киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив подобен претседател, кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ. Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците ниту кој било друг член на раководството на ЛДП не може да ги заплашуваат со вакви лаги што ги пласираат преку соопштенија бидејќи своите функции ги си вршат чесно во согласност со законите“, велат од ЛДП.
Понатаму, додаваат дека довербата на граѓаните не може да се добие со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

