Македонија
ЛДП: Додека Грчева промовира политики кои го кочат европскиот пат, нејзинит син добива функција во Бугарија
Либерално-Демократската партија објави дека не може да остане индиферентна на веста за изборот на Зографски бидејќи, како што велат, во време кога Грчева го блокира европскиот пат на земјава, со промовирање на политики против впишување на Бугарите во Уставот, нејзиниот син добива функција во земја на Европската унијата, токму во Бугарија.
„Синот на поранешната пратеничка и претседателка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, Андреј Зографски, од партијата Спас за Софија на локалните избори во Софија освои советничко место во Градското собрание на Софија од Коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и Спас за Софија. Со оглед на фактот дека граѓаните за да избираат и да бидат избрани мора да поседуваат државјанство, евидентно е дека за добивање бугарско државјанство, синот на Солза Грчева потпишал декларација дека ‘тој и неговото семејство по потекло се етнички Бугари’, велат од ЛДП.
ЛДП во соопштението додава дека ја почитува слободата на уверувањето и приватноста, меѓутоа ваквата контрадикторност доведува до блокирање на нашата европска иднина само поради добивање на политички поени.
„Доста е од лицемерие и дволичност. Доста е од двојни аршини и глумење лажен патриотизам кој оди исклучиво на штета на перспективата на државата“, се додава во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.