Македонија
ЛДП на конгрес на европските либерали во Мадрид

Делегацијата на ЛДП предводена од претседателот на Горан Милевски, од 8. ноември до денеска во Мадрид, присуствува на 39. Конгрес на Алијансата на европските либерали и демократи (АЛЛДЕ).
Во составот на делегацијата на ЛДП се и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ и Емил Кирјас.
На конгресот, помеѓу другото, се дискутираше за натамошното јакнење на либералните вредности во Европа, за јакнење на економските политики и либерални вредности во Европа. Посебен фокус беше ставен на подготовката на европските либерали за наредните избори за Европскиот парламент кои треба да се одржат во мај наредната година, на кои што АЛДЕ очекува значително зголемување на бројот на свои евро-пратеници и со тоа многу посилна улога во креирање на политиките во Европа и во светот.
Во рамките на конгресот делегацијата на ЛДП имаше бројни средби помеѓу кои и со премиерите на Данска, Ларс Расмусен, премиерот на Словенија Марјан Шарец, министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар, и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.