Македонија
Левица: Градоначалникот на Тетово, Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албано – косовско културно лето
„Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши“, велат од партијата Левица.
„Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. Во делот на настапите има само еден настап на македонски јазик и еден на турски јазик. Другите заедници, кои живеат, творат и воедно плаќаат порез на Касами се фантом – граѓани или попросто речено: небитни.
Напоменуваме дека застапени се две промоции: од кои преку едната се презентира и историски се величи војната во Косово. Додека другата се однесува на промовирање на косовска библиотека.
Потсетуваме дека Касами е еден од најнеобалостичките градоначалници во историјата на Македонија, кој отворено ја мрази државата, а истовремено одработува за Курти.
Досега, неговите партнери од ДПМНЕ И ЗНАМ не реагираа на ваквите подли игри и понижувања, туку ги сместија на највисоки државни позиции, во името на лажно-искривеното “братство” оти најважно е државата да биде горда, твоја, ничија, а сепак сечија“, соопшти партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

